Нова цена на горивата, бензинот поевтинува, дизелот поскапува

 

 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на одлуката од 12.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,542 %, кај дизелот 2,136 %, кај екстра-лесното масло 2,331 % и кај мазутот зголемувањето е 1,312 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 %.

Од 17.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер Б -98“ – 82,50 (денара/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 82,00 (денара/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денар/литар)

„мазут М-1 НС“ – 45,349 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,262 денари/кг и сега ќе изнесува 45,349 денари/кг.

16.10.2023 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега