Нов случај на врсничко насилство во Белград: Го удирале и плукале другарчето од кинеска националност, следниот ден тој донел нож на училиште

 

 

Нов случај на врсничко насилство се случи во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Нов Белград. Еден од родителите на учениците од тоа училиште за „Блиц“ тврди дека две момчиња претепале момче од кинеска националност во соблекувалната за време на физичко образование, а тој следниот ден донел нож во училиште. Директорката на таа институција, Сузана Липиќ, вели дека истрагата е во тек, и дека „училиштето нема да игнорира ниту една насилна ситуација“, пренесуваат медиумите во соседството.

Информациите за случајот со врсничко насилство во изјава за „Блиц“ ги изнесе еден од родителите од седми клас каде што присуствува и детето кое било претепано од другарите. За овој случај дознале, како што вели, на неодамнешна родителска средба и тоа од мајката на детето. Наводно, момчето со месеци е изложено на врсничко насилство.

Родителот рекол дека две паралелки од седмо одделение имале заеднички час по физичко и дека за тоа време момчето, кинески државјанин, останало во соблекувалната и играло на телефон. Потоа, како што тврди таа, дошле три момчиња, едното го држело додека другото го тепало. Момчето, наводно имало хемиско пенкало во раката и бранејќи се избодело едно од момчињата во кошулата.

Кога се обидел да излезе, момчињата „го собориле на подот, го клоцале и го плукале“. Според родителите, „тоа го гледале други две момчиња“ кои, како што вели, не реагирале,а ниту наставничката и полицаецот во училиштето знаеле што се случува.

Родителот понатаму вели дека ученикот од Кина следниот ден дошол на училиште со нож и им го покажал на соучениците.

„Според нас, тоа беше крик некој да му обрне внимание, бидејќи ако сакаше да направи нешто, ќе го направеше тоа. Не го оправдувам тој потег, не му давам опомена или намалување на оценката од владеењето. Замислете тој ден кога донел нож да налетал на тие двајца што редовно го малтретираат, пак го малтретирале, и лине дај Боже да се повтори „Рибникар“, раскажал еден од загрижените родители.

Тој нагласил дека оценуваат дека и на ова момче треба да му се изрече некаква мерка, но и дека сакаат „насилниците да се држат настрана од училиштата“.

Родителот нагласува дека ова не е прв пат да се случува врсничко насилство, а за тоа дознале на средба пред два дена.

„Прашавме што треба да се случи за некој да биде избркан од училиште и на тоа не добивме одговор и сме очајни. Не знам дали очекуваме премногу како родители, затоа што минатиот век одевме во основно, каде што те бркаа од училиште, беше запишано насилничко однесување, па да видиме каде ќе се запишеш. Тоа не ни е важно, особено по се што се случи во последниот месец“, вели загрижениот родител за српскиот медиум.

08.06.2023 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега