Нов силен земјотрес го стресе Авганистан: Минатиот срамни со земја 20 села и зад себе остави над 2.400 мртви лица

Утринава уште еден силен земјотрес го погоди западен Авганистан, во истата област каде што серијата силни земјотреси минатиот викенд оставија зад себе околу 2.400 мртви. Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени јачината на последниот земјотрес на 6,3 степени.

Ударот беше во близина на западниот град Херат, во близина на претходниот епицентар и на мала длабочина од околу 8 километри. Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди истото подрачје 20 минути подоцна на длабочина од околу 12 километри.

Минатиот викенд серија земјотреси со јачина од 4,6 до 6,3 степени ја потресоа истата област на длабочина од околу 10 километри, при што загинаа околу 2.400 луѓе, а целосно беа израмнети најмалку 20 села, покажуваат најновите податоци на талибанските власти.

Жителите на градот Машхад во Иран, на околу 300 километри од зоната на земјотресот, рекоа дека ѕидовите од нивните куќи се треселе.

Во средата, уште еден земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер повторно ја погоди истата област, при што загина едно лице, а беа повредени 153. Неколку села беа срамнети со земја во најмалку три области на провинцијата Херат.

15.10.2023 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега