Нов инцидент на Вимблдон: Навивач влезе на терен и прекина меч

 

Тенискиот турнир Бимблдон започна со серија непријатни инциденти и скандали. Најпрво дождот направи огромни проблеми и дури 28 мечеви мораа да бидат одложени, а се случи и нов посериозен инцидент во кој беше вмешана публиката.

На теренот број 18 играа Григор Димитров и Шо Шимабукуро, влетаа двајца навивачи кои го прекинаа мечот уште пред да започне дождот. Двајцата втрчаа на теренот и почнаа да фрлаат конфети, а потоа скандираа песни против владата и ги навредуваа големите нафтени компании.

Во тој момент Бугаринот беше во водство, но мечот мораше да биде прекинат. Организаторите на турнирот изјавија дека двајцата веднаш биле уапсени од полицијата, а делото што го сториле може да биде и кривично. Доколку судот ги прогласи за виновни, тие можат да заработат парична казна од 50.000 фунти, а максималната казна за вакви прекршоци е девет месеци зад решетки.

06.07.2023 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега