Ноќеска најстудената ноќ: Какво време не чека до крајот на годината

 

Студениот ветер кој попладнево дојде над Скопје почна да ги растерува облаците како најава за утрото кое ќе не разбуди утре и кое бидејќи ќе биде ведро, се очекува да биде најстуденото во зимската сезона од оваа 2022 година.
Во текот на ноќта се очекува температурите да бидат во минус а некаде утре рано наутро да паднат и до 5 степени под нулата.
Утрешниот ден ќе биде релативно пријатен за овој период од годината. Температурите ќе достигнат до 8 степени со повеќе сончеви периоди. Слично време не чека и во вторник и среда со мал пад на дневните температури кои ќе се движат околу 6 степени.
Од четврток ќе почне наоблачување кое не се очекува да донесе дожд но ќе ги зголеми температурите на над 10 степени, додека во текот на ноќта нема да имаме температури под нулата.
Идниот викенд како што сега изгледаат работите треба да биде сув со температури кои наутро ќе бидат околу нула а во текот на денот над 10 степени. Во недела се очекува еден сончев ден со температури кои некаде ќе стигнат и до 15 степени.
Последната седмица од 2022 се очекува делумно облачно време со сончеви периоди и температури кои во текот на ноќта и во раните утрински часови ќе бидат околу нулата а во текот на денот од 6 до 10 степени.

 

18.12.2022 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега