Владата бара кандидат за амбасадор во Бразил
Македонската Влада го дополни огласот за ангажирање лица на раководни позици во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори објавен на 14 јуни со уште една позиција, а тоа е амбасадор на Република Македонија во Бразил.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информираше дека за за позицијата амбасадор во Бразил, кандидатите ќе може да аплицираат до 14 јули 2014 година, а за сите останати позиции кои се содржани во огласот остануваат рокот до 30 јуни 2014 година.
Ѓорѓиев апелираше до сите кандидати кои ги исполнуваат условите од огласот и кои поседуваат квалитет и способност да аплицираат за македонски амбасадор во Бразил.
На огласот за сите позиции, рече владиниот портпарол, досега се пријавени 942 кандидати.
- Ова е добра бројка и Владата е задоволна, рече Ѓорѓиев додавајќи дека првичните проценки од поднесената документација покажува дека станува збор за лица кои поседуваат високи квалитети и способности.
Портпаролот на Владата ги повика сите квалитетните кадри да се пријават, потсетувајќи дека крајниот рок за пријавување на овој оглас е 30 јуни.
Огласот се однесува на ангажирање 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори. Сто педесет и девет се за раководни позиции во државната управа, меѓу кои пет амабасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, над 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи. Покрај ова распишан е и оглас за над 220 членови на управни и надзорни одбори во државни агенции, јавни претпријатија, клиники и тн.
Огласот се однесува за позиции кои веќе се испразнети и за места чиј мандат на сегашните раководни лица истекува во текот на годинава или на следните две години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа