Премиерот бара советници за во својот кабинет - еве како да се вработите
Кабинетот на премиерот на Република Македонија објави огласи за ангажирање лица на раководни и нераководни позиции и за советници во повеќе области. Огласите се објавени денеска, а заинтересираните ќе може да аплицираат електронски до 14 јули 2014 година.
Како што информира портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, ќе се бараат лица за раководни и нераководни позиции од областа на странски инветиции, поддршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол и право.
Советниците, како што додаде, ќе бидат за политички прашања, ЕУ, надворешни работи, животна средина, рударство и минерални суровини, култура, економија, претприемништво, индустрија и иновации, земјоделство, правосудство и администрација, енергетика, транспорт и врски, информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа.
Ѓорѓиев потенцира дека ангажирањето на новите лица е во функција на проширување на човечкиот потенцијал на Кабинетот на премиер со цел реализација на владината програмата за наредниот период, која е обемна.
На двата огласи може да се пријават сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат критериумите од огласот, а ќе бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.
- Даваме еднаква шанса за сите кои сакаат да аплицираат. Нема да има никакво фаворизирање. Единствен критериум при изборот ќе биде личната способност, стекнатото образование, познавањето странски јазици и поденцијалот на самиот кандидат, потенцира Ѓорѓиев.
Заинтересираните ќе може да аплицираат електронски на веб страната на Владата на Република Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа