Стевчо Јакимовски прв крена „обоен палец“ за Каракамишева

 

Лидерот на ГРОМ Стевчо јакимовски прв ја поддржа иницијативата на универзитетската професорка Татјана Каракамишева за поведување постапка пред Уставниот суд за укинување на одредбата од Изборниот законик за бележење со видливо мастило за време на гласањето. 

„Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ  ја поддржува иницијативата на професорката Татјана Каракамишева што ја поведе пред Уставниот суд за укинување на законската одредба за бележење на палецот со видливо мастило за време на гласањето за избори.

 Ставот на ГРОМ е дека е срамота во 21 век, кога другите земји во светот  одат кон електронско гласање, и кога се развиваат  најсофистицирани методи и технички решенија за верификација на гласачите, ние во Република Македонија се уште да се користиме со „средновековни методи“ на бележење на палци, што е застарен, но и понижувачки чин кон самите гласачи.

Инаку на ваквиот чин на бележење на избирачите реагираше и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, уште за време на претседателските избори како на недостоен чин за една современа и демократска држава“ - стои во соопштението од ГРОМ.

Инаку бележењето на палците со видливо мастило дојде на предлог на СДСМ кој инсистираше оваа одредба да се вметне во Изборниот законик. На самиот ден на изборите, кога СДСМ забележа дека го очекува катастрофа, медиумите под финансиска контрола на СОРОС почнаа да објавуваат информации дека бележењето со видливо мастило оставало простор за манипулација. Експресно следеше „воспитна“ директива од СДСМ по што на ваквите текстови им дојде крај.

26.06.2014 - 13:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега