Венизелос повтори: Прашањето за името не е билатерален спор

 

Прашањето за името на Македонија не е билатерален спор, туку меѓународно отворено прашање во рамките на релевантните одлуки на Советот за безбедност. Ова го изјавил грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во Брисел.

Како што соопшти грчкото МНР, Венизелос на работна вечера ги информирал колегите од НАТО дека за време на неговата последна посета во Скопје, во својство на претседател на Советот на ЕУ, разговарал со премиерот Никола Груевски при што е договорено да се интензивира преговарачкиот процес кој се одвива под покровителство на медијаторот Метју Нимиц.

- И тоа и го правиме - процесот под Нимиц е погоден и соодветен процес, рекол Венизелос според кој „не постои проблем со името, туку се работи за суштински проблем“.

- Името претставува суштински проблем за регионалната стабилност, демократија, почитување на човековите права и владеењето на правото, почитувањето на Охридскиот договор, почитување на договорот од март 2013 помеѓу главните партии во нашата соседна земја, за која ние сме многу заинтересирани, рекол Венизелос и додал дека Грција има големи инвестиции во нашата земја и оти тие „секогаш имаат отворени врати за посетителите“ од Македонија.

 

25.06.2014 - 14:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега