Доаѓа пијан и ги плаши пациентите - делчевската Брза помош преноќиште за скитник

 

Речиси две години во ноќните часови друштво на лекарскиот тим од делчевската Брза помош е и скитник. Како што пишува здравство24, во Здравствениот дом во Делчево каде е и сместена службата за Брза помош нема обезбедување ниту пак чувар што е олеснителна околност за скитникот кој ноќите ги поминува на клупата пред лабораторијата.

Многу често ги плаши лекарот и сестрата кои дежураат а најчесто, како што велат извори за zdravstvo24.mk, доаѓа пијан. Ги плаши и пациентите кои во ноќните часови имаат потреба од здравствена услуга. Иако за случајот е известено раководството на ЈЗУ, сепак, се уште не е најдено решение.

Осве што прибира скитници, делчевската Брза помош во ноќните саати е и служба за информирање на граѓаните на Делчево. Го злоупотребуваат бесплатниот број 194 па, како што велат извори за zdravstvo24.mk, знаат во 1 часот по полноќ да се јават и да прашаат колку е часот, или, пак, да добијат информација која смена е нивниот матичен лекар.

25.06.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега