Прегазил четиригодишно детенце - три сообраќајки во тетовско

 

Три сообраќајни незгоди во кои биле повредени четиригодишно дете, повозрасен тетовец и сообраќајка со куче скитник се случиле на патиштата во Тетово и тетовско во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ.

Четиригодишното дете се здобило со скршеница на десната нога откако, додека невнимателно  поминувало преку  улицата „Браќа Симовски“ во Тетово, било удрено од патничко возило „Шевролет спарк“ со тетовски регистерски таблици, управувано од страна на 39-годишниот Л.Д. Сообраќајката се случила вчера попладне околу 16 часот, а детето веднаш било пренесено во Тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош било пуштено  дома.

Исто така и 81-годишниот И.Р. бил повреден вчера, во 13 часот и 45 минути на локалниот пат Бањиче-Тетово. Тој бил удрен од непознато возило што веднаш го напуштило местото. Со телесни повреди што ги задобил од удирањето И.Р. бил пренесен и задржан за натамошно лекување во Тетовската болница. - По извршениот увид се превземаат активности за откривање и пронаоѓање на возилото кое учествувало во оваа сообраќајна несреќа, рече Јосифовски.

Последната сообраќајка се случила утринава околу 4 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово во близина на клучката за Камењане. Во неа  патничко возило „БМВ“ со странски регистерски таблици што го управувал 23-годишниот  Д.Е. од Долно Палчиште, налетал, удрил и усмртил куче-скитник. Нема повредени а материјалната штета се проценува на 3.000 денари.

 

25.06.2014 - 13:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега