Радост за дечињата: Маша и Медо конечно во Македонија (ФОТО)

 

Омилените ликови на дечињата од цртаните филмови, Лошката Маша и големиот мил Медо, дојдоа во Македонија и ги израдуваа дечињата. 

Боенките и сликовниците со ликовите на Маша и Медо создадени од тимот на Егмонт Русија, а издадени на македонски и албански јазик можат да се најдат во сите продажни места на издавачката куќа „Култура“. Едицијата Маша и Медо засега брои 4 црно бели боенки, 1 боенка насловена како „Залепи и обои“ и 10 интерактивни сликовници.

Промоцијата на боенките се одржа викендов во тенискиот клуб на хотелот Александар Палас и беше посетена од повеќе од 200 дечиња. Децата се сликаа со Маша и Медо, а беше поставено и детско интерактивно катче каде најмладите боеа и цртаа.

 

Во летните периоди кога децата се на заслужениот летен распуст, а поголемиот дел од времето го трошат на седење пред компјутер, ваквите интересни дружења со омилените ликови на децата ќе продолжат да се реализираат.  Така, следното дружење на најмладите со Маша и Медо ќе се одржи на 28 и 29 Јуни со почеток во 18:30 часот во тенискиот клуб на хотелот Александар Палас.

25.06.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега