Ништо од НАТО оваа година

 

НАТО ќе одложи за следната година донесување одлука дали да упати до Црна Гора покана за членство во Алијансата, изајви денеска генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен.

– Ќе почнеме интензивни разговори со Црна Гора и ќе одлучиме најдоцна до крајот на 2015 година дали да ја поканиме државата да се присоедини во НАТО, нагласи Расмунсен.

Црна Гора се надеваше дека ќе добие покана за членство во Алијансата на средбата на високо ниво на НАТО што ќе се одржи во септември. 

25.06.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега