ФОТО: На концертот на Јоксимовиќ во Скопје и паднал рефлектор врз глава
Како што пишува дневниот весник “Вест”, додека повеќемина се забавуваа со песните на Жељко Јоксимовиќ на неговиот веќе одржан концерт на арената “Филип Втори”, неколку тинејџери и едно дете кои седеа на северната трибина, беа повредени кога на нив падна рефлектор.
Тинејџерите биле раскрвавени со видни гребаници по лицето и телото, по што веднаш брзата итна медицинска служба реагирала.
“Заедно сме цело друштво и имавме карти за северна трибина. Бевме занесени со играње и пеење кога врз нас почнаа да паѓаат парчиња од нешто. Паднаа и врз едно помало дете кое беше заедно со родителите.
Се исплашивме, не знаевме што е, но подоцна видовме дека се откачил еден од рефлекторите на кровната конструкција. Ќе беше многу страшно ако врз нас паднеше целиот рефлектор. За среќа, беа само парчиња, па поминавме со гребаници – раскажа за “Вест” еден од повредените тинејџери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа