Бесими денеска во Албанија

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе престојува во Албанија, каде ќе има средби со министрите за европска интеграција и за надворешни работи, Клајда Ѓоша и Дитмир Бушати.

- Вицепремиерот Бесими вчера и честиташе на политичката елита на Република Албанија за придонесот и работата од страна на сите државни структури за добивањето статус на земја-кандидат од Европската унија.  Бесими му честиташе на премиерот на Албанија Еди Рама, министерот за европска интеграција Клајда Ѓоша и на министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и ќе се зајакне врз основа на заемниот интерес на двете земји за членство во Европската унија, соопшти СЕП. 

25.06.2014 - 11:18
Фото: 
кајгана
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега