Љубе Бошкоски пак на суд

На 14 јули Љубе Бошковски повторно ќе се појави пред кривичниот суд, откако Апелација го врати предметот Ровер на повторно разгледување, јави А1он. Како што пишува порталот, откак Апелација ја укина 12 годишната казна затвор за случајот „Ровер“ сега обвинителството повторно ќе треба пред судот да докаже дека Бошковски треба да одговара за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година.
Бошковски во затвор е 3 години откако полицијата го фати со 100.000 евра во кеш пред ресторанот Воденица, а обвинителството докажа дека станува збор за финансиски средства со кои незаконски ја финасирал својата политичка кампања. За да го одлежи ова дело на Бошковски му требаат уште 2 години.
Во меѓувреме, Бошковски во случајот Ровер доби уште 12 години затвор, но Апелациониот суд ја укина пресудата.

 

 

25.06.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега