Саем на чиста енергија

 

Саемот еПоврзување на младите луѓе со компании кои работат во областа на обновливите извори на енергија и универзитети кои нудат студии од областа, е целта на Саемот на чиста енергија, што ќе се одржи денеска и утре во ЕУ Инфо центарот. дел ЕУ неделата за одржлива енергија, а го организираат Здружението на граѓани Гоу Грин, со партнерите - Сојузот на извидници и АИЕСЕК Скопје.

На саемот ќе учествуваат млади на возраст од 16 до 24 години, и претставници на компании и универзитети од Македонија, Франција и Германија, кои обезбедуваат академски и професионални можности во областа на обновлива енергија.

Според анализите на Европската комисија, три милиони работни места ќе се отворат во секторот за обновлива енергија до 2020 година.

Промената од општества кои користат фосилни горива во општества кои користат обновлива енергија, создава потреба за нова генерација на таленти за енергија кои успешно ќе го забрзаат процесот. Тоа, исто така претставува одлична можност за нови бизнис можности и вработувања.

25.06.2014 - 09:59
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега