„Ајфон 6“ ќе вработува 100 илјади нови работници

 

Азиската компанија „Фоксон“, започна со масовно вработување на околу 100.000 нови работници кои ќе им бидат потребни за производството на „Ајфон 6“, пренесува Утрински весник.

„Пегатрон“, најверојатно подготвува голем ангажман на нови работници. Ваквите масовни вработувања не се невообичаени кога станува збор за производство на нови модели на „Ајфон“, но случајот со „Фоксон“ и бројката од 100.000 нови работници претставува рекорд.

Според извештајот на компанијата, најверојатно, ќе преземе 70 проценти од нарачките за новиот „Ајфон“, а масовното производство ќе почне следниот месец. Како што претходно пишуваа медиумите, на пазарот во текот на оваа година би можеле да се најдат два модели на „Ајфон 6“, со екран од 4,7, односно 5,5 инчи.

25.06.2014 - 09:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега