Шеќеринска ќе си замине?
Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска се поретко се појавува во јавноста. Иако доби висока раководна функија во партијата, на прсти може да се избори, колку пати Шеќеринска се појавила во јавност во периодот по изборите.
Осве неколку изјави за медиумите кои ги финансира опозицијата, заменичката на Заев воопшто не комуницира со новинарите.
Таа не одговара на телефонските повици, а воопшто не се појавува ниту на прес конференции.
Партиски извори за Press24 велат дека пресудно за тоа е последната афера со огромните суми кои како кирија ги добива за станот во кој живее со својот сопруг. Партиски извори велат дека внатрепартиските анкети покажале дека Шеќеринска катастрофално котира меѓу граѓаните и дека секое нејзино појавување во јавност, на партијата и носи повеќе штета отколку корист.
Истите извори велат дека не треба да биде изненадување доколку Шеќеринска во периодот кој претстои целосно се повлече иако се мали шансите за тоа, со оглед на нејзиното влијание и во овој „подновен“ СДСМ.
Во таква ситуација, во СДСМ решиле да и посветат повеќе партиски обврски, пред се оние поврзани со контактите на најголемата опозициска партија со политички субјекти надвор од земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа