СДСМ бара - ВМРО-ДПМНЕ не дава: Техничка влада нема да има

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно по стапките на Бранко Црвенковски, без избори сака да дојде на власт.

Со идентични барања исто како неговиот ментор Црвенковски, Заев бара техничка Влада, иако само пред два месеци имаше избори на кои народот се изјасни, давајќи убедлива поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев бара техничката Влада, што значи да води некои министерства без граѓаните да му дадат таква поддршка, а со тоа доволно ја следи политиката на СДСМ водена од Црвенковски, да се биде на власт без избори и без народна волја, иако таквото барање е нерационално и неприфатливо во цел свет. Иако не може, Заев сака да оди против волјата и мислењето на гласачите.

На ставот за техничка Влада, Заев остана и на денешната тет-а-тет средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Груевски информираше дека е неприфатливо барањето на опозициската партија за формирање техничка Влада. 

- Ние формиравме Влада пред неколку дена и почнавме турбо да работиме во интерес на граѓаните и во исполнување на тоа што го ветивме, изјави Груевски.

Тој рече дека разговарале во мирна и коректна атмосфера и како што нагласи, речиси на крајот биле договорени во следната недела да почнат со работа работни групи кои ќе ги адресираат сите прашања коишто ги засегаат двете страни.

-Меѓутоа, на неколку миниту пред крајот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам формирање на техничка влада што за мене беше изненадување. Ми личи како некој да го посоветувал на таква работа. Нормално јас тоа не го прифатив, додаде Груевски.  

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој ќе биде следниот негов чекор во насока на надминување на оваа ситуација рече дека ќе има разговори во партијата и оти ќе размислат пред да направат каков било следен чекор.

Претседателот на СДСМ по средбата изјави дека не е постигнат договор, со оглед дека немало разговор за техничка Влада, една од петте теми кои ги предочил пред премиерот.

- Мандатите на пратениците на опозицијата не беа констатирани на 18 овој месец и бев повикан на разговор од премиерот Груевски за да почнеме разговори за барањата на опозицијата. Тоа се пет теми кои денеска му ги предочив на премиерот и можам да соопштам дека не постигнавме договор. Нема разговор за темата техничка влада, изјави Заев.

Средбата Груевски- Заев уследи откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април годинава.

 

На предвремените парламентарни избори во Македонија што се одржаа на 27 април, владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од околу 200.000 гласови повеќе СДСМ, која е во опозиција од 2006 година. 

24.06.2014 - 20:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега