Груевски: Преговорите пропаднаа во последен момент

 

Премиерот Никола Груевски во изјава за новинарите по лидерската средба со Заев во клубот на пратеници рече дека договорите пропаднале во последен момент.

- „Разговорите течеа во фер и коректна атмосфера а веќе и договоривме од идната недела да почне формирањето на работни групи, но кон крајот на средбата Заев од мене побара да излезам пред медиумите и да дадам изјава дека го прифаќам барањето за техничка влада. Како да му дојави некој", изјави премиерот Никола Груевски и додаде дека ставот на Вмро-Дпмне е јасен дека барањето за техничка Влада е неприфатлив.

- Ние туку што формиравме Влада, работиме турбо и мислам дека граѓаните ја избраа оваа Влада за да се соочува со проблемите а не некоја техничка влада, рече Груевски.

нема инф ормации кога договорите би продолжиле.

24.06.2014 - 15:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега