Министерот Адеми се сретна со државниот секретар во кабинетот на премиерот на Унгарија

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска оставари работна средба со Петер Зијарто, државен секретар во кабинетот на премиерот на Р. Унгарија.

На средбата, во пријатна атмосфера се разменија информации од областа животна средина и се разгледаа можностите за остварување на соработка. 

Договорено МЖСПП, преку Унгарската амбасада во Скопје, да дпостави листа на проекти кои планира во иднина да ги реализира, а на кои унгарските компании би имале можност да аплицираат.

Високо оценувајќи ја ваквата соработка како можност за трансфер на унгарски искуства во областа министерот Адеми ги покани унгарските компании да учествуваат и да се претстават со своите технологии на конференцијата која на тема отпад и климатски промени ќе се одржи во Охрид  од 19-21 септември годинава. Во областа водени ресурси како можности за соработка беа наведени и изградбата на мали хидроелектрани, потоа големите капацитети од типит на  Луково поле и Бошков мост и изградбата на пречистителните станици кои во поголем дел ке бидат финансирани преку ИПА компонентата.

ФОТО: Влада 

 

најчитано сега