Србија ќе ги легализира хомосексуалните бракови?
Додека низ светот се шири отпорот против истополните бракови, Србија подготвува терен за регулирање на статусот на ЛГБТ заедницата, пренесува Новости.
Како што дознава српски „Новости“, на јавна расправа на четврти јуни ќе биде претставен модел на законот за регистрирање на истополни заедници.
Инаку, законот го подготви Центарот за унапредување на правни студии.
„Станува збор за можни законски решенија, чија цел е право да се регулира статусот на луѓето од ист пол кои живеат заедно. Ќе видиме дали одредбите ќе може да се ’вградат’ во постоечкиот закон или ќе се донесе посебен, па затоа и ги повикавме луѓето од Министерствата. Во секој случај нема пречки да се донесат вакви решенија, бидејќи не се против она што го пишува во Уставот“, вели Сузана Пауновиќ, директор на Канцеларијата за човекови права, пренесува Новости.