ВМРО-ДПМНЕ до Зеев: Аман не ни прави толку притисок

 

Зоран Заев покажа дека е крајно неодговорен политичар, кој е подготвен целата држава да ја стави во залог, само и само,  да ја зачува неговата функција во СДСМ. На Заев не му е значаен ниту напредкот на Република Македонија, ниту животот на македонските граѓани, туку му е значајно како да ги вовлече сите во калта во која самиот се дави.

Денес Заев говори за враќање на правата патека, исто како што враќаше пари на пратениците од СДСМ, своите сопартијци и роднините преку тендерите.

Зоран Заев нема кредибилитет да говори во јавноста и да обвинува други, кога сите знаат дека тој беше човекот кого го аболицираа за криминал тежок 8 милиони евра и кој додели народни пари преку тендери на сите свои роднини и бизнис ортаци во Струмица.  Тој денес наместо да одговара за криминалот живее во луксуз исто како и неговите соработници- криминалци. Тие денес се обидуваат да се доберат на власт, не со програма и преку избори, туку со интриги, исто како и нивниот политички татко Бранко Црвенковски.

Нели се умори Зоран Заев од лагите и глупостите кои ги говореше во време на кампањата и поради кои беше казнет од граѓаните со 200 000 гласа разлика. Тој не ја научи таа лекција и продолжува да живее во својот филм, далеку од реалноста и далеку од пораките на народот.

Свесни сме дека Заев се дави во калта во која сам се вовлече, но не ја разбираме неговата потреба постојано да манипулира, дури и во ситуации кога на целата држава и е јасно дека просторот за маневар е така тесен што веќе ни него не го собира.

Слободно нека продолжи вака. Јавноста гледа јасно за кого тој одработува и со што се занимава. Ако мисли дека политичкиот дијалог е под некаков притисок кој тој го прави, го замолуваме да не притиска толку, зошто станува непријатно за гледање на сите останати, а најмногу на неговите најблиски соработници

(Интегрален текст од писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конфернецијата на Зоран Заев, Претседател на СДСМ)

19.06.2014 - 17:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега