Ја ограбил среде улица - фатен Албанец кој „оперирал" низ Тетово
39-годишниот албански државјанин Н.М. претплладнево е фатен и приведен од тетовската полиција откако претходно и одзел златен синџир на 61-годишната Д.Р. од Тетово.
Според полицијата, денеска околу 10 часот и 30 минути албанскиот државјанин од зад грб и се доближил на тетовката додека таа одела по булеварот „Маршал Тито“ во Тетово и набрзина и го скинал и одзел златниот синџир по што почнал да бега кон зелениот пазар, но многу брзо бил фатен. Синџирот му е одземен и вратен на ограбената, пренесе МИА.
СВР Тетово го сомничи Н.М. и за слична кражба на златен накит исто така од повозрасна тетовска што минатата недела се случи на улицата „Браќа Симовски“ во градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа