Уапсен новинарот Томислав Кежаровски од Нова Македонија
Во голема полициска акција која сеуште трае уапсен е новинарот Томислав Кежаровски од весникот Нова Македонија, дознава Пресс24 од полициски извори. Уапсени се и еден актуелен судија, двајца поранешни судии од кои едниот во моментов работи како адвокат и еден јавен обвинител.
КАко што дознаваме, се работи за акција поврзана со откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот со убиството на старецот од Ореше.
Дали има и други уапсени сеуште е непознато. Се чекаат официјални детали од полицијата.