Пукање во скопско Студеничани

Пукање во скопско Студеничани. Како што информира полицијата, вчера попладне околу 18:30 часот, засега непознато лице од авомобил со автоматско оружје пукал кон куќата на 62 годишниот Д.М.

Дел од проектилите завршиле внатре во куќата, но, за среќа нема повредени.

Полицијата извршила увид на местото и подигнати биле чаури за вештачење. Д.М. посочил неколку лица како можни сторители, полицијата работи на целосно расветлување.

 

19.06.2014 - 13:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега