Груевски: Економијата клучна во новиот владин мандат

 

ВМРО-ДПМНЕ се одржува на власт со напорна работа. Премиерот Никола Груевски во своето експозе пред пратениците на Собранието, каде денеска се избира новата влада ја презентира својата програма за во наредниот мандат.

Груевски рече дека во наредниот период владата ќе се фокусира на пет точки, меѓу кои клулчна ќе биде економијата

Груевски најави напредок на Макдонија преку интензивирање на економскмиот раст со пораст на БДП од 3% до 6% во наредните 4 години, под претпоставка да не се случат нови економски шокови. Владата ќе се фокусира на инвестиции во инфраструктурата, ќе се одржи фискалната политика и ќе се намалува буџетскот дефицит. 
На полето на странските инвестиции Груевски рече дека се очекуваат над 30 нови странски комапнии во земјава кои треба да придонесат за раст на извозот во земјата и пораст на бројот на вработени лица. 350 до 550 милиони евра странски инвестици очекува премиерот Груевски во наредните 4 години. Премиерот најави отворање на нови 64000 работни места, а главен фокус ќе биде ставен врз вработувањето на младите, преку бројни мерки на владата.

Премиеот го најави и ветениот проект, за отпис на долгови за граѓаните. 

Груевски најави нови 660 станови за ранливите лица, покаќување на минималната плата од 8800 на 9590 а во 2016 година, платата ќе се покачи над 10.000 денари.

За поддршка на домашното стопанство, Груевски најави нови 100 милиони евра поволни финансиски средства по исклучително поволни услови.

 

19.06.2014 - 13:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега