Само власт за СДСМ е слобода
„Што да се прави и како до повторно освојување на слободата“. Вака е насловена трибината која ќе се одржи на 3-ти јули во хотелот „Александар палас“ во Скопје, организирана од здружената опозиција.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кој сака да се претстави како спасител на демократијата и слободата, во многу наврати досега покажа дека под слобода подразбира освојување на власта, а во полиитчката психологија на партијата доминира борбата за гола власт и привилегиите кои ги носи, пишува денеска Курир.
Токму поради ова, суштинското значење на оваа трибина која е насловена „Што да се прави за повторно освојување на слободата“, според познавачите всушност има значење што да се прави за повторно освојување на власта. Очигледно, СДСМ слободата ја поистоветува со освојувањето на власта, односно за најголемата опозициска партија само власт е слобода и бара начин што да се прави и како повторно да ја освои.
Дополнително, опозициските медиуми се обидуваат на јавноста да и претстават слика дека на трибината ќе продефилирале голем број на независни интелектуалци и НВО активисти, а всушност тоа ќе бидат истите “докажани“ експерти кои за време на “отпорот“ на Бранко Црвенковски се качуваа на фамозната „Лада нива“ и држеа говори.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неодамна во изјава за „Слободен печат“ рече дека ќе се организирале дебати на кои докажани експерти во своите области ќе зборувале за проблемите, мерките и за решенијата што требало да се преземат за надминување на сегашните состојби, во секоја област поединечно, и потeнцира дека тоа ќе била голема дискусија без временско ограничување.
Упатените сметаат дека е смешна идејата на раководството на СДСМ дека со долги говори и дебати на кои ќе говорат таканаречени експерти ќе успеаат да ја добијат довербата од граѓаните. Организирањето на безвременски дебати во стилот на Црвенковски покажува дека Заев очигледно нема никаков план, освен идејата за деструктивна политика која според сите предупредувања ќе и нанесе голема штета на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа