Висока температура ја одложи пресудата за Монструм

На 30 јуни судот ќе ја соопшти пресудата за Монструм. Грипот и високата температура го спречија главниот судија во овој предмет да дојде во суд и  да ја прочита одлуката.  Родителите на  момчињата се револтирани  од одолговлекувањето  на постапката.

– Ние сме разочарани бидејќи никој не не ни извести  претходно дека ќе биде одложено...

Веруваат во мотивите на обвинителство дка се работи за тероризам , но се сомневаат оти децата им биле жртви на наводна битка која се водела за земјиште околу Смилковско езеро.

Во очекување на одлуката , роднините на обвинетите денеска  со транспаренти за ослободување, мирно протсетираа пред судот. 

Најголем дел од нив беа малолетници, внуци и братучеди на обвинетите.  Братот на Фејзи Азир, вели неправедно е што оваа група ја поврзуваат со радикален ислам, само затоа што се исламски верници.

Од Косово молк за екстрадицијата на првообвинетите Демири и Исмаиловиќ.  Косовскиот адвокат не крева слушалка, а институциите немаат информации.   Двајцата  се во затвор за нелегално псоедување оружје.  Никој не знае дали и кога ќе се соочат со македонската правда.

- Тоа треба да го прашате тамошниот адвокат, јас мислам дека е во фаза на одлучување постапката.

Петмина обвинети 26 месеци се во притвор.  Обвинителство бара најстрого да се казнат за тероризам, а тие пак тврдат дека не ја извршиле ликвидацијата на петмината македонци на Велики Четврток пред две години.

 

18.06.2014 - 21:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега