Груевски го покани Заев на средба

 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го покани лидерот на СДСМ Зоран Заев на средба во петок, откако СДСМ на прес-конференција ја прифати поканата за дијалог.

-  Го поздравуваме фактот што СДСМ конечно препозна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е спремна за дијалог во интерес на граѓаните и државата. Во тој контекст претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го поканува Зоран Заев, претседател на СДСМ на средба во петок во 13:00 и на тој начин да се отпочне дијалогот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

18.06.2014 - 15:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега