Тестирајте ја својата среќа - Државна Лотарија со штанд во Скопје Сити Мол

Сите посететили на трговскиот центар Скопје Сити Мол од денес можат да ја тестираат  среќата на штандот на Државна лотарија на Македонија, поставен на приземјето во овој трговски центар. На штандот сите љубители на игрите на среќа ќе може да учествуваат во сите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија, а покрај тоа ќе може да ги добијат и сите детални инфомации врзани за нив.

 Само за потсетување, во последниот промотивен период на штандот на Државна лотарија на Македонија беше изгребан автомобилот Голф 7 во Инстант лотаријата 7ма Брзина, со што се докажа дека ова е среќно место. Токму затоа, ве покануваме да го посетите нашиот штанд во Скопје Сити Мол и да уживате во нашите игри на среќа. 

 

 Промотивно, овој месец отворивме и пункт во Скопје Сити Мол, во кој сите учесници на награданата игра Фискална во рака-награда без мака ќе може да ги остават своите коверти за седмото извлекување.

 

 Паралелно со ова, веќе тече караванот на Државна лотарија на Македонија низ Македонија. Караванот започна вчера 17.06.14,а  ќе трае се до недела, 29 јуни. Ова е караван со најголема покриеност на градовите низ Македонија досега. Во текот на овој караван на Државна лотарија на Македонија,  поставени се пунктови со наменски кутии, во кои граѓаните ќе можат да ги оставаат своите коверти за учество во наградната игра. Пунктовите ќе бидат отворени од 11:00 до 18:00 часот. 

 

18.06.2014 - 14:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега