И лани СДСМ бараше техничка Влада - условите на Заев исти како на Црвенковски
СДСМ речи си секоја година бара техничка влада. На стартот од минатата, по случувањата во Собранието, опозицискиот лидер, Бранко Црвенковски побара, влада со ограничен мандат да ги организира локалните избори и заедно со нив да се огранизираат и предвремени парламентарни избори.
„Опозицискиот „Сојуз на иднината“ предводен од СДСМ ќе учествува на изборите доколку покрај најавените локални се одржат и предвремени парламентарни избори. Ова е едно од барањата на опозицијата што на 9 јануари 2013 на прес-конференција го соопшти претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Покрај ова, за фер и демократски избори опозицијата бара и формирање привремена влада чиј мандат ќе биде од распишување до завршување на изборите, смена на клучните ресори - министерствата за правда, внатрешни работи и финансии со личности кои со својот кредибилитет ќе гарантираат објективност на изборниот процес. Се бара и смена на директорот на јавниот сервис МРТВ, како и целосно прочистување на избирачкиот список и измени на Изборниот законик со вградување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
- Ова се нашите позиции и услови, ова е нашиот предлог за излез од длабоката политичка и институционална криза во која е доведена Република Македонија со политиките и постапките на актуелната власт, рече Црвенковски во јануари минатата година.
За да направи притисок врз власта, Црвенковски организираше протести по скпските улици и пред приватните телевизии. Пресврт направи Стевчо Јакимовски кој реши сам да се кандидира за градоначлник на Карпош.
Во март дојдоа претставниците на Европската унија и се се заврши без да се прифати ниту едно од барањата на Црвенковски. Истата влада ги органзираше изборите, немаше предвремени парламентарни избори, директорот на МРТВ остана ист. Црвенковски заедно со приврзаниите на СДСМ славеше играјќи оро пред седиштето на Бихаќка.
Изборите кои завршија на 7 април донесоа нова катастрофа во СДСМ. Опозицијата доби само 4 градоначлнички места.
Една година подоцна, СДСМ излезе на предвремените парламентарни избори кои Црвенковски ги бараше, а од кои Заев бегаше.
Резултатот беше нова катастрофа за опозицијата. Сценариото исто - бојкот, барањата идентични, техничка влада, попис, медиумски слободи. Сега, Стевчо Јакимовски го заменија Солза Грчева, Роза Топузовска Каревска и Љубица Буралиева, а европските емисари веќе се во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа