Пратениците на СДСМ остануваат во Собранието - оставките одложени

 

Пратениците на СДСМ остануваат во законодавниот дом, бар до следната седница на Собранието.Спикерот Трајко Вељаноски денеска ја прекина собраниската седница на која требаше да бидат констатирани оставките на опозиционерите. Вељаноски рече дека во интерес на демократијата во земјата и цврстите определби на Македонија во таа насока, ќе остави уште малку простор за изнаоѓање договор и враќање на опозициската во Собранието.
Во меѓувреме, некои медиуми веќе објавија дека евродипломати ја започнале својата мисија која треба да резултира со враќање на опозицијата во Собранието.

18.06.2014 - 13:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега