Собранието потврди: И Грчева и Буралиева побараа враќање
Солза Грчева и Љубица Буралиева поднеле барање за повлекување на оставките, велат собраниските служби за Press24. Барањата веќе се наоѓаат во собраниската архива. Според информациите, претходно поднесените оставки се повлечени и при евентуална седница, на која би се констатирало напуштањето на Собранието на останатите пратеници на СДСМ, Буралиева и Грчева нема да бидат на дневнен ред.
Грчева вчера рече дека е разочарана од раководството на СДСМ и дека веќе не го респектира лидерот Заев.
Буралиева неколку пати се предомислуваше.
18.06.2014 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа