Буралиева денеска не сака да биде пратеничка

 

Пратеничката на СДСМ Љубица Буралиева повторно се премисли. Денеска за разлика од вчера не сака да биде пратеник и ќе останела на поднесената оставка. Одлуката ја соопшти на Facebook.

„Се откажувам од „довербата“ на оние што ми ја „дадоа“… од себеси и од мојата идеологија, од искрената заложба за вистинска слобода, ни досега, ниту отсега, не се откажувам. За ничии, ама баш за ничии интереси не одработувам. Секој со свое совест нека гази на земјава. На искрените пријатели им се извинувам што несакајќи беа дел од оваа згрешена приказна. Признавам, за вака „високи“ цели не сум употреблива, им оставам простор на „надпросечните“ за кои постојано се прашував како тоа опстојуваат. Пукате и плукате во грешна цел.

Ова го соопштувам овде зашто, како и до сега, немам друго место да го споделам својот став, својата мисла“. - напиша Буралиева на својот профил.

18.06.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега