ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ водат преговори за враќање на опозицијата во Собранието?
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ водат преговори за враќање на опозициските пратеници во Собранието, јавува Дојче Веле повикувајќи се неофицијални информации добиени од дипломатски извори.
Според Дојче Веле, Петер Ванхоуте, белгискиот експерт кој на предлог на ЕУ учествуваше како медијатор во ад-хок Комисијата за расветлување на настаните од Собранието на 24 декември 2012. година, повторно е ангажиран во Скопје
Тој веќе имал одвоени средби со Груевски и Заев со цел да се воспостави дијалог меѓу двете најголеми партии.
Се позвесно станува дека на денешната собраниска седница, пред пратениците нема да се најдат оставките на опозиционерите, со што ќе им се остави простор на напорите на евродипломатите да влијаат на нормализирање на политичката состојба.
„Доколку и биде утврдена како точка во дневниот ред, според договорот кој претходно треба да биде усогласен меѓу координаторите на пратеничките групи, се планира да биде побарано констатирањето на оставките на опозициските пратеници да се реализира со нивно лично присуство во парламентот, во согласност со уставните одредби. На фактот, дека Собранието веќе ја прифатило оставката на Руфи Османи во писмена форма, без да мора тој лично да ја образложи во парламентот, ќе биде спротивставен аргументот дека тоа во тој случај се работело само за еден пратенички мандат од НДП. Во вториов случај, пак, станува збор за масовна појава на оставки, вкупо 33, па поради последиците кои тие би можеле да ги предизвикаат за институционалната и политичка стабилност на земјата, се размислува да му се предложи на парламентот да донесе заклучок, според кој, пратениците мора да дојдат и лично да ги поднесат оставките“, објаснува извор од владејачката коалиција за Дојчл Веле
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа