Одложена пресудата за „Монструм" - масакрот кој ја зави Македонија во црно

Иако за денеска беше најавена пресуда за случајот „Монструм“, за крвавиот масакр кој се случи кај Смилковското Езеро, од Судот информираат дека таа се одложува заради здравствени проблеми на судечкиот судија кој неможе да присуствува на објавата. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, Дејан Ристовски.

- Денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 - Скопје за предметот поврзан со петкратното убиство кај Смилковското езеро на кое тебаше да биде објавена пресудата се одложува поради здравствени проблеми на судечкиот судија, кој не може да присуствува на објавата. На денешното закажано рочиште вториот судија - член на судечкиот совет треба да закаже нов термин во најскоро време кога ќе биде објавена пресудата, вели Ристовски.

Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата се’ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани. Тие се осудени на затворски казни од две и две и пол години затворза недозволено поседување оружје. Во судот во Скопје на клупата на обвинети ќе бидат Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута. Тие тврдат дека се невини и дека се наместени.

За потсетување, масакрот кај Смиљковското Езеро се случи на 13 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени четирите момчиња од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и Борче Стефковски (45) од селото Црешево. Според обвинителниот акт во нив било пукано со две автоматски пушки и пиштол од непосредна близина. Први биле ликвидирани четворицата другари од Радишани, а потоа и Стефковски кој бил сведок на злосторот.

18.06.2014 - 10:05
Фото: 
локално
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега