Страшна сообраќајка: Ампутирана раката на 3 годишно велешанче

Четиричлено семејство од Велес денеска околу 13 часот доживеало тешка сообраќајна несреќа, излетувајќи од патот кај Јагодина, пишува српски „Блиц“.

Сите членови на семејството се надвор од животна опасност, но поради повредата на тригодишното дете му е ампутирана раката и е пренесно во Институтот мајка и дете во Белград.

-Поради повреда на главата, четиригодишното дете е хоспитализирано на неврохирургија и со него е таткото кој минал со полесни повреди, вели за Блиц доктор Мома Јовановиќ, додека како што пренесуваат српските медиуми, мајката е упатена во Клиничкиот центар во Ниш.

Причините поради кои автомобилот со македонски таблички, движејќи се во правец кон Белград излетал од патот се уште се истражуваат, но како што пишуваат локалните медиуми најверојатно грешка на возачот и неприлагодената брзина на движење на условите на патот ја предизвикале несреќата.

 

 

17.06.2014 - 22:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега