Уште најмалку 5 пратеници на СДСМ назад во Собранието
Уште најмалку 5 пратеници веќе ја информирале централата на Бихаќка дека се враќаат на работа во Собранието. Како што дознава Press24 од партиски извори заедно со Буралиева и Роза Топузовска Каревска бројот на пратеници кои му откажаа послушност на Заев веќе достигнал 7.
Се уште без конечна одлука е пратеничката Солза Грчева, која јавно кажа дека не се согласува со политиката на бојкот на СДСМ. Во меѓувреме, раководството врши силен притисок врз остнаатите пратеници во намера да обезбеди поддршка за своите ставови.
Во СДСМ денеска молк. Портпаролот на партијата не одговара на својот телефон за да ги потврди или демантира овие информации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа