Погребан застреланиот полицаец од Тетово

Вчера беше погребан 51 годишниот полицаец Живко Јовановски, кој почина откако негов колега во петокот го засетрела во една од просториите на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово.

Јовановски во петокот околу 10 часот, заработи прострелна рана во абдоменот. Неговиот помлад колега го застрелал по грешка, додека вршел проверка на оружјето.

Повредениот полицаец веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, а оттаму поради сериозноста на повредите, итно бил префрлен на скопските клиники. За жал, Живко почина во неделата наутро.

17.06.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега