Заев во паника: Уште две пратенички на СДСМ потврдија дека се враќаат во Собранието

 

Уште две пратенички најавија свое враќање во Собранието. Љубица Буралиева, која ја доби довербата на граѓаните во втората изборна единица за МРТВ, телевизијата во која и работи потврдила дека се враќа во Собранието и дека ќе ја повлече својата оставка. Покрај неа, од позицијата на бојкот најверојатно се повлекува и Созла Грчева. Таа денеска во изјава за Press24 не сакаше и официјално да ја потврди оваа одлука но рече дека е под силен пристисок и дека поради тоа морала да го избрише профилот на Facebook. 
Претходно НЕ на политиката на Заев и кажа и Роза Топузовска Каревска. 
Press24 веќе најави дека во наредните денови се поголем број пратеници на опозицијата ќе и го свртат грбот на политиаката на Заев, која премирот Груевски ја нарече деструктивна. 
Дека во СДСМ нема стратегија вчера потврди и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски кој рече дека на најголемата опозициска партија и е потреба стратегија доколку сака да се врати на власт.

16.06.2014 - 23:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега