На пратениците во оставка на банковното конто ќе им легнат и платите за јуни

 

И покрај тоа што мандатот може да им заврши на половина месец, пратениците на СДСМ и здружената опозиција ќе добијат плата за цел месец јуни. Мандатот може да им престане веќе во среда за кога е и закажана седницата на која ќе мора да бидат потврдени нивните оставки.

Мајската плата веќе заврши во џебовите на 22 пратеници колку што и го бојкотираат Собранието.

 

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Зоран Илиоски, на седницата минатата недела потврди дека мнозинството пратеници во оставка ги доставиле до Собранието транскакциските сметки за да ја подигнат платата, за мај. За еден пратеник, за 20 дена, платата изнесува 40.000 денари. Ова се однесува на периодот од десетти до 31 мај. 

16.06.2014 - 20:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега