Македонец убиен во Австралија - мртвото тело пронајдено во џунгла

Македонецот Џон Гашовски е пронајден мртов на планински пат во џунглата покрај Џамберо, Австралија. Според информациите кои ги пласираат австралиските медиуми, Гашовски бил застрелан со неколку куршуми во главаа.

Сопругата на Македонецот не може да поверува дека некој можел да го убие нејзиниот сопруг. Според неа, тој немал никакви проблеми, бил грижлив татко и добар сопруг.

Таа тврди дека Џон не манифестирал никакви знаци дека има проблеми со некого. Се чуле изутрината и тој и најавил дека до вечерта ќе се врати дома. 

16.06.2014 - 14:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега