Жерновски до Заев: Извини Зоки, ми се лизна

 

Дали претседателот на ЛДП Андреј Жерновски беше на „рапорт“ кај опозицискиот лидер Заев, или само еден ден му требаше да заборави што изјави во интервјуто за Радио Слободна Европа?!

Откако вчера призна дека опозицијата немала добра понуда и дека тоа е причината за поразот на изборите, денеска во медиумите финансирани од СОРОС Жерновски се правдаше за својата изјава. Во веќе видениот опозициски стил, виновници беа медиумите кои „ги извртеа зборовите“ и не го разбрале што сакал да каже.

„Ич не сум изненаден што така тенденциозно ми ги извртеа зборовите од тоа интервју, не е прв пат, но јасно кажувам дека јас сум заедно со целата опозиција за да ја ослободиме државата од оваа власт – вели градоначалникот на Центар, лидерот на опозициските либералдемократи Андреј Жерновски за медиумите под финансиска контрола на СОРОС.

Интересно е што речи сите телевизии и интернет портали објавија видео од неговото интервју, па останува нејасно, како медиумите кои Жерновски милува да ги нарекува „контролирани од власта“ му ги извртеле зборовите во видео изјава

Еве што кажа градоначлникот на општина Центар

Ваквите изјави на опозициските функционери не се ништо ново за македонските новинари. Јавноста ја памети изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „двонационалниот идентитет на Македонија“ за која утредента од Бихаќка убедуваа дека е погрешно пренесена, односно дека Заев користел нова конструкција, досега невидена во Македонскиот јазик „на, во, националниот идентитет“
И во тој, како и во овој случај, стануваше збор за видео изјава.

 

16.06.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега