ДПА останува во опозиција

 

ДПА нема да биде дел од новата влада, одлучило Централното претседателство на партијата. Со оваа одлука на партијата, конечно е расчистена дилемата што лидерот Мендух Тачи ја држеше отворена во изборниот период, дека ќе бидат дел од Владата макар и со еден пратеник.

Од партијата најавуваат дека ќе бидат конструктивна опозиција и активно ќе ја поддржуваат Владата за евроинтеграциските процеси.

- Претседателството одлучи дека ДПА не е во состојба да биде дел од политичката одговорност на владата поради сомнежите за деблокирање на евроинтеграциските процеси и унапредувањето на правата на Албанците кон целосна рамноправност со Македонците. Несреќа за Албанците е дека ДУИ безусловно прифати да биде дел од Владата без платформа, програма и барања, вели пратеникот Беким Фазлиу, пренесува Дневник.

Фазлиу најавува дека ДПА ќе дејствува конструктивно и дека нема да биде пречка доколку ВЛадата сериозно работи на остварување на ветувањата за деблокирање на евро-атлантските процеси, членство на Македонија во НАТО, датум за преговори со ЕУ и целосна рамноправност на Албанците.

Според информации од ДПА, оваа одлука доаѓа по средбата на Тачи со мандатарот Никола Груевски која се одржа во петокот вечерта. Од ДПА велат дека добиле понуда да бидат дел од власта, но не откриваат што им било понудено, пишува Дневник.

Интересно е што состанокот на Централното претседателство на ДПА се одржа во Гостивар, истата вечер кога градоначалникот на Струга, ЗИјадин Села ја почна битката за демократизација на ДПА и за смена на Тачи од претседателската функција. ОД партијата му порачуваат на Села дека може да ги пропагира своите политички идеи, но дека нема право да се повикува дека ја застапува ДПА. 

16.06.2014 - 10:58
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега