Го скршил од ќотек и го ограбил- суров скопјанец збесна среде улица
34 годишниот Б.К. си заработи кривична пријава и 8 дневен притвор откако пред три дена нападнал и ограбил маж во селото Инџиково.
Б.К. на 11. овој месец околу 00:30 часот на ул. „18“ во Инџиково го нападнал С.Ј., и му украл плик во кој имало 5.000 денари.
Б.К. го сретнал С.Ј., го прашал каде оди и го нападнал со боксови и клоци во пределот на главата и телото. С.Ј паднал на земја, а Б.К. од џебот на долната тренерка му извадил и одзел плик со пари, а потоа со такси возило избегал од местото.
С.Ј. побарал лекарска помош во Граската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и на Максилофацијалната клиника при Клиничкиот центар.
Во присуство на јавен обвинител, извршено било препознавање на лица. Жртвата го препознала Б.К. како извршител на кривичното дело. Полицијата разговорала со Б.К. и тој појаснил како го извршил разбојништвото.
Б.К. е познат сторител на кривични дела и против него се поднесени вкупно 11 пријави за извршени 15 кривични дела: една за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, седум за тешки кражби, четири за разбојништва и три за кражби. За дел од нив изречени му се една парична казна, една условна осуда и две казни затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа