Топло - ладно
Во овие жешки денови топло - ладно колаче е најдобриот избор. Еве како да го направите
Потребни состојки:
500 гр чоколадо
• 10 јајца
• 125 гр путер
• 200 гр брашно
• 10 лажици шеќер
Подготовка:
Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади.
Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање.
На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив.
Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути.
Имајте убав апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа