Раскошот на СДСМ во „диктатурата“ на ВМРО-ДПМНЕ
Челните луѓе на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија постојано излегуваат со напади кон власта дека таа практикува диктатура.
Сепак, доколку се погледнат анкетните листови само на првите двајца луѓе во СДСМ, лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Секеринска, по раскошот и имотот кој го располагаат лидерите на опозицијата, не само што нема ниту “д“ од диктатура, туку може да се види дека тие водат неколкукратно подобар живот од сите просечни граѓани.
Анкетните листови покажуваа како изгледа животот во “диктатурата“, како што Шекеринска и Заев се обидуваат да ја престават. Според анкетниот лист, заменик-претседателот на партијата Шекеринска заедно со нејзиниот брачен другар поседуваат 4 стана, од кој што едниот е со површина од 178 метри квадратни, истиот кој нејзиниот сопруг си го изнајмува самиот на себе си, за што добива дополнителни 5 илјади евра месечно, или годишно приближно 4 милиони денари.
Исто така, Радмила Шекеринска е љубител и сопственик на повеќе уметнички колекционерски предмети и уметнички слики за чија вредност нема внесено податоци.
Истовремено, во медиумите неодамна се појавија и информации дека брачниот пар Шекеринска- Јанковски поседува непријавена вила во Маврово вредна над 100 илјади евра, а тука е и огромниот бел Мицубиши џип, во кој беше забележана Шекеринска како се вози низ скопските улици.
Во ништо не заостанува и првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, кој има многу повеќе од неговата сопартијка. Човекот на кого секој збор му е напад за постоење на диктатура со неговото семејство поседува бизнис империја во Струмица и регионот.
Меѓу другото, тој како заеднички имот пријавил и куќа од 400 квадрати, стан, деловен простор, земјоделско земјиште... За време на кампањата медиумите забележаа дека на собирите со граѓани, додека говореше за средната класа, пристигнуваше со автомобил Ауди А8, кој инаку нов чини осумдесеттина илјади евра.
Заев неодамна запрашан колку финансиски тежи семејството, неможејќи точно да пресмета кажа дека тежи 6 до 7 милиони евра.
-Лично јас спаѓам сѐ уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство кое што има 820 вработени. Капиталот е проценет на некои шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, рече Заев во интервјуто за МТВ.
Гледано по удобниот живот и натпросечното богатство на раководството на СДСМ, по ништо не може да се забележи дека раководниот двоец на најголемата опозициска партија живее во диктатура, наспроти нивните секојдневни тврдења.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа