Десетгодишно дете повредено во страшна несреќа во Скопје
Десетгодишно дете синоќа заработило тешки повреди во сообраќајна несреќа што околу 20:40 часот се случила во скопската населба Хиподром. Во несреќата учествувал и автомобил „Рено меган“ со скопски регистрации зад чиј волан бил скопјанец.
Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои една е со тешки телесни повреди, седум со материјална штета и четири со телесни повреди. Повреди заработиле тројца возачи на патнички моторни возила и еден возач на мопед.
На скопските улици се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа